Угур Сахин, еден од водечките научници кои стојат зад вакцината на компанијата Фајзер и Бионтек тврди дека ќе го ’разбие вирусот’ за сите пари и ќе и стави крај на пандемијата.

Милијардерот Угур Сахин, извршен директор на германската компанија Бионтек, е мошне самоуверен кога е во прашање оваа вакцина која влеа голема надеж. 

– Ако прашањето е дали можеме да ја запреме пандемијата со оваа вакција, мојот одговор е ДА, истакнал. 

Сахин истакнува дека полн пристап за податоците за вакцината очекува во следните три недели. Засега се знае дека може да ја спречи болеста, а дали ќе спречи луѓето да носат корона вирус и да го пренесуваат на други нема да биде познато уште една година, признал и самиот. 

Бионтек и Фајзер минатата недела соопштија дека нивната заедничка вакцина ги надминува сите очекувања во клучната трета фаза од истражувањето, покажувајќи ефикасност од дури 90 отсто!

Во интервју за „Гардијан“ Сахин вели дека вакцината ќе овозможи најмалку една година заштита, навестувајќи дека на секоја следна година ќе мора повторно да се прима. 

– Сега знаеме дека вакцините можат да го победат овој вирус, рекол и додал дека нивната вакцина го напаѓа SARS-CoV-2 на повеќе начини. – Вакцината спречува ковид-19 да добие пристап до нашите клетки. Но дури и ако вирусот успее да го пронајде својот пат до Т-клетките го „удираат по глава“ и елиминираат. Мошне добро го истрениравме имуниот систем да ги усоврши овие два потега. А вирусот од нив не може да се опорави.