Два угостителски објекти во Тетово биле затекнати додека работат, иако согласно прописите во време на епидемијата овозможено е работење на локалите само до 22 часот.

Имено, вчера по полноќ бил приведен  А.И.(59) од Тетово чиј угостителски објект без фирма на улица „29 Ноември“ во Тетово бил отворен и работел, а во него престојувале гости.

Во вториот случај, поднесена е кривична пријава против Б.Р.(40) од с.Ново Село – Тетово.

„На 12 јуни околу 22,20 часот, при извршената контрола од полициски службеници во барака на улицата „Маршал Тито’’ во Тетово, констатирано било дека во наведениот период, бараката сопственост на пријавениот и покрај донесените протоколи од Владата за отворање и работа на угостителски објекти, истата била отворена и имало гости во затворениот дел од објектот, со што пријавениот не постапил според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од МВР.

 

извор: Makfax