Едно лице загина, а друго е повредено при пукање по семејна расправија до која вечерва дошло во продавница, во непосредна близина на пазарот во скопската населба Тафталиџе.

Според првичните информации, убиството било извршено од страна на сопственикот на продавницата, кој по рсправија со пиштол пукал кон негов роднина што веднаш починал.

Во пукањето повредено било уште едно лице кое итно е префрлено во Ургентниот центар, каде му се укажува лекарска помош.

Сторителот на убиството, по инцидентот, бил приведен од страна на полицијата.

 

извор: Makfax