Елиас Даје, новинар на Радио Слободна Европа, беше убиен во четвртокот во авганистанската провинција Хелмад како резултат на бомба поставена на неговиот автомобил.

Омер Зак, портпарол на гувернерот на провинцијата, изјави за Радио Слободна Европа дека бомбата прикачена на автомобилот на Даје го убила новинарот и повредила уште тројца, вклучувајќи го и неговиот брат.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Даје работеше за Радио Слободна Европа во Авганистан.

Портпаролот на авганистанското претседателство, Сидик Сидики, го осуди„ убиството“ на Даје, велејќи дека непријателите на слободата на изразување и медиумите во Авганистан стојат зад нападот.

Насилството зеде замав низ целиот Авганистан, бидејќи владините преговарачи и талибанците одржуваат состаноци во Катар за да изнајдат решенија за војната во Авганистан.