Лидерот на Исламска држава во Авганистан, Абу Сад Ерхаби е убиен заедно со уште 10 негови следбеници во воздушен напад на упориштето на оваа група во авганистанската провинција Нангархар, соопштија владини претставници.

Големи количини тешко и лесно вооружување и муниција се уништени во рциите на две упоришта на Исламска држава, пренесе Ројтерс.

Гувернерот на провинцијата рекол дека Ерхаби е четврти лидер на ИД во Авганистан, кој е убиен од јули минатата година.

Упориштето во Нангархар се наоѓало на источната граница на Авганистан со Пакистан и таму се наоѓале најекстремните припадници на таа група, која се активирала во 2015 година и се борела против талибанците, Авганистанците и американските сили.

Американската војска проценува дека околу 2.000 борци на Исламска држава се борат во Авганистан.

извор: Makfax