Како што пренесуваат српските медиуми, вчера е убиен Александар Рогановиќ (21) кој е познат како водач на навивачката група “Делии”.

Според последните информации, за сега непознатиот напаЃач, вчеравечер го чекал Рогановиќ на ул „Нова 101″, по што во него истрелал неколку куршуми.

Досегашната истрага, покажува дека најверојатно Рогановиќ го познавал напаѓачот и дека се обидел да побегна кога го забележал.

Истрагата е во тек, а се претпоставува дека е можно да станува збор за пресметка на криминални кругови на навивачите во Нови Сад.