Најмалку 40 новинари и помошен медиумски персонал загинале извршувајќи работни задачи во првата половина од оваа година. Околностите за уште 27 претставници на медиуми се уште не се расчистени, соопшти вчера Меѓународниот институт за безбедност на медиумите.
Најмногу новинари во првите 6 месеци од 2013 година загинале во Сирија – 8. Во 2012 бројот на жртви новинари и нивни помошници во таа држава е 70.
Хана Сторм директорка на Институтот наведува во извештајот Убивање на гласникот, дека досега никој не е уапсен во врска со убиството на новинари.