Армијата на Буркина Фасо објави дека најмалку десет војници биле убиени од екстремисти на северот на земјата.

Армијата соопшти дека уште неколку војници се повредени во нападот во провинцијата Соум, во близина на границата со Мали, пренесува АП.

Воздушните и копнените операции беа покренати како реакција на „варварскиот напад“ и за да „ги неутрализираат“ на напаѓачите.

Насилството на исламските екстремисти се зголеми на северот и истокот на Буркина Фасо, кога стотици луѓе беа убиени, а илјадници избегаа поради насилството.

Владата на Буркина Фасо минатата година прогласи вонредна состојба во многу северни региони во земјата.

извор: Makfax