x

Убав почеток на годината: Милошевиќ е МВП на колото во АБА 2-лига

МЗТ Скопје со победа ја отвори 2020 година, по голема драма и две продолженија славеше на гостувањето кај Рогашка со 83-90  и остана во трка за врвот во АБА 2-лига.

Во центарот на вниманието беше Ѓорѓе Милошевиќ со со дабл-дабл од 30 поени и 11 скока беше прво име во редовите на македонскиот првак. Маестралната партија му го донесе МВП признанието за 14. коло во јадранското второлигашко друштво.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата