x

УБАВ ДЕН ЗА МАК-ТИМОВИТЕ: И МЗТ Скопје победнички

gotcer

По Работнички и МЗТ Скопје оствари победа во второто коло во АБА 2-лигата. Тимот од Аеродром во неизвесен натпревар со бројни пресврти ја совлада Сутјеска со (27-25, 20-14, 21-16, 24-18).

Избраниците на Ѓорѓи Кочов беа многу подобар тим на теренот, одиграа добро во првите две четвртини (47-39), но по одморот паднаа. Противникот успеа да се врати во игра, па дури и да поведе на момент со 56-62.

МЗТ Скопје брзо го прекина налетот на Сутјеска, во решавачките десет минути влезе со 68-65, а кон средината на последниот период целосно ја превзема контролата и не дозволи бодовите да отидат на сметка на противникот.

Олуџоби со 24 поени беше прв стрелец, зад него беше Готчер со 16 поени, два помалку запиша Бојиќ.

Во следното 3. коло, МЗТ Скопје игра против Широки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата