x

Убави вести од Хрватска: Дарко Велковски и Ријека почнаа со тренинзи!

Македонскиот интернационалец во Ријека, Дарко Велковски, денеска почна со тренинзи во својот клуб. Со оглед на ситуацијата со коронавирусот, преземени се, барем така велат од клубот, сите мерки, играчите се поделени во повеќе групи, па така може и да се тренира на зелениот терен.

Нашиот репрезнтативец со малку поголема брада од вообичаеното добро делува, се гледа од форографијата дека тренинзите и тоа како добро ќе му дојдат. 

Инаку Дарко за време на карантинот, поради Ковид-19, се покажа и како мајстор, за тоа веќе исвестивме пред неколку денови,  за правење на палачинки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата