x

Убава вест од Талин: Ристовски најверојатно меѓу стартерите!

ristovski

Убава вест од Талин од таборот на нашата репрезентација по одработениот  тренинг синоќа во пресрет на вечерашниот меч со Естонија. Имено иако беше најавено дека шансите да настапи Стефан Ристовски се сосема мали по повредата на прстот, сега веќе има надеж тој да заигра. Десниот бек на Спортинг Лисабон, иако работеше самостојно на тренингот, барем на дел од него, се чувствува се подобро и голема е веројатноста тој да се најде меѓу стартерите на селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот дуел.

 

Е, сега, дали ќе се најде на десната бековска позиција, или пак на  стоперското место, ќе зависи од тоа со каква формација Мрме ќе се одлучи да му се спротистави на својот естонски колега. Инаку доста “тенки“ сме на тоа бековско место. Стефан се жали на повреда, Тошевски не ни отпатува во Талин, а Бејтулаи, кој може да игра и десен бек, се повреди против Косово и ќе паузира најмаку  две недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата