x

Убава вест од Дебар: Цел Кораби негативен на тестовите за Ковид-19!

korabi-debar

Убава вест ни доаѓа од Дебар, од второлигашот Кораби. Имено во текот на денешниот ден пристигнаа резултатите од Ковид-19 тестовите кои беа правени претходно, а се тестираа сите во клубот, и тие се негативни. Ова значи дека фудбалерите под водство на тренерот Боби Стојкоски ќе може да играат сега и пријателски натпревари.

Па пред неколку денови почнавме со тренинзи. Да точно е дека ги минавме корона тестовите, па сега ќе играме пријателски со Ренова (2 август), Дрита (5 август) и Скопје (8 август), Караороман (15 август), веројатно ќе одиграме уште некој контролен меч. Доведовме повеќе нови имиња, тука се Антонио Ииески, Филип Алексовски, Христијан Коцев, Михајло Јакимовски, Вулнест Ислами, Зекири Реха. Мислам дека имаме добар тим, амбициите се да бидеме во горниот дел на табелата во 2020/21 сезоната во Втората лига – запад. Градот Дебар целосно стои позади клубот, а тука се и неколку приватни фирми кои ќе помагаат. Наше е напорно да работиме а резултатите сами по себе ќе си дојдат“ изјави за СПОРТМЕДИА шефот на стручниот штаб на Кораби Боби Стојкоски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата