Полицијата изврши рација во осум ресторани во Загреб и изврши контролира кај 165 лица, при што е уапсен 48-годишен сопственик на ноќен клуб под сомнение за ширење на инфекцијата на Ковид-19. Сопственикот на клубот е осомничен за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест, соопшти полицијата.

Инспекторите за цивилна заштита утврдија непочитување на епидемиолошките мерки со прекорачување на работното време, неистакнување на упатствата за дозволен број на лица во објектот и пропишаното растојание помеѓу масите и столовите.

извор: Makfax