Полициски службеници од СВР Тетово, вчера околу 23 часот го уапсиле гостиварецот Р.Б.(46), сопственик на угостителски објект лоциран во близина на автопатот Гостивар-Тетово.

Како што информираат од МВР, објектот работел по дозволеното време и во него се наоѓале 12 гости.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, додека неговиот објект бил пломбиран од Државниот пазарен инспекторат.

извор: Makfax