Специјалните единици на УНМИК и на Косовската полиција завчера упаднале во просториите на Алијансата за иднината на Косово и го привеле Јахја Лука, советник за безбедност на косовскиот премиер Агим Чеку и генералниот директор на банката “Каса”, Милијази Абази, соопшти полицијата. Полицијата од канцеларијата на Алијансата заплени документација поради основано сомнение за перење пари преку банката “Каса”, каде се собирани донации за одбраната на Рамуш Харадинај во Хаг во висина над десет милиони евра. Од канцеларијата на партијата се одведени неколку лица поради сомнение дека се вмешани во перење пари. На Лука и на Абази одреден им е притвор од 72 часа.