Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт во која беа убиени три лица.

Станува збор за триесет и седумгодишниот Ѓокман Танис роден во Турција. Тој е осомничен дека денеска отворил оган во трамвај во Утрехт, при што убил три, а ранил девет лица.

Претходно полицијата објави негова фотографија на „Твитер“, а на локалните жители им беше советувано да не му пристапуваат на човекот туку веднаш да се јават во полиција.

Фотографијата е принтскрин од снимката од безбедносните камери направена во трамвајот.

извор: Makfax