x

Уапсен напаѓачот на Ајакс, прободел роднина со нож!?

promes

Напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес, утринава е уапсен под сомнение дека во јули месец, на една приватна забава со нож го прободел и во таа прилика тешко го повредил својот роднина.

Истрагата се водела се до сега, и доказите навеле дека напаѓачот е токму познатиот фудбалер. Информацијата ја потврди и портпаролот на полицијата во Амстердам, Џелмер Гридс, а доколку Промес биде осудем би можел да мине во затвор од една до четири години. Тој веќе е уапсен и се наоѓа во затвор.

Што се однесува пак до самиот инцидент информациите се дека Промес во јули организирал голема забава за своето семејство, и за време на истата дошло до инцидентот во кој за малку било спречено и најлошото. Ајакс како клуб знаел за инцидентот и според медиумите силно влијаел Промес да не биде уапсен се до сега.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата