Околу полноќ од полициски службеници од СВР Тетово на ул.„180“ во Тетово бил приведен И.Џ.(42) од Тетово, поради сомнение дека на 26.09.2020, во периодот од 20.05 до 21.30 часот, влегол во станот на А.Џ.(40) од Тетово, без да ја оштети влезната врата и одзел поголема количина златен накит. Со тоа предизвикал штета од околу 700.000 денари.

При преглед кај И.Џ. биле пронајдени одземените предмети, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax