x

Уапсен екс фудбалер на Шкендија!!!

Поранешниот фудбалер на Шкендија, и на неколку екипи во Бундеслигата, Мохмаду Идрису, се наоѓа во притвор во Австрија. Ова го потврди претседателот на клубот Леобен каде што Идрису настапуваше.

Тој играше за овој клуб кој е аматерски, а исто така и работеше. Но, не доби виза за престој, ама и понатаму седеше во Австрија. Претседателот Еди Либер рече дека тоа имало поврзаност со неговото минато во Германија, но не даде детали.

Идрису играше во Хановер, Фрајбург, Борусија Менхенгладбах, а играше и на СП 2010 за Камерун. Беше дел од Шкендија во 2015 година, но по само шест месеци си замина од Тетово.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата