Вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен на дело како допира и бакнува девојка згрижена во домот, соопшти СВР Велес.

Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.

-На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Тој кажа дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СДСК.МК