Турската полиција во околината на Истанбул уапси 79 илегални имигранти, кои преку Турција сакале да заминат во западноевропските земји, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк. Имигрантите, по потекло од Кина, Сомалија, Иран и палестинските територии, биле откриени во шумски регион кај местото Силиври во близината на Истанбул. За транспорт во европските земји имигрантите, кои два дена не добиле ниту храна, ниту вода, платиле по 2.500 евра од човек.