Вкупно 152 лица се уапсени денеска во Париз на маргините на воената парада одржана по повод националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастиља.

Меѓу приведените се наоѓаат лидерите на граѓанското движење „Жолти елеци“, Ерик Друе, Жером Родригез и Никол Максим, пренесуваат француските медиуми.

Неколку групи од ова движење успеале да се помешаат помеѓу присутните на парадата, пришто го исвиркале францускиот претседател, Емануел Макрон, додека минувал во отворен автомобил пред почетокот на воената парада.

Француските власти соопштија дека лицата се приведени од различни причини, поради илегално носење на оружје, нарушување на јавниот ред и мир и непријавен протест.

Медиумите пренесоа дека нередите избиле по воената парада, а полицијата користела солзавец за да ја разбие групата.

Во Париз и понатаму ситуацијата е тензична по повеќемесечните протести на движењето „Жолти елеци“ кои протестираат против државната политика.

извор: Makfax