Уапсени уште петмина
Бројот на замешаните во “аферата индекс” откриена на Правниот факултет во Крагуевац се искачи на 18, по вчерашното и завчерашното апсење на уште петмина сомнителни. Сите овие лица се обвинети за посредување или примање мито, а судијата на Окружниот суд во Смедерево, Предраг Лукиќ, одлучи да ја прошири истрагата против четворица обвинети.