Во Саудиска Арабија се уапсени тројца членови на кралското семејство – принцот Ахмед бин Абдулазиз, внукот на кралот Мухамед бин Најеф и неговиот син принцот Науаф бин Најеф.

Тие биле уапсени вчера поради наводен обид за државен удар.

Мухамед бин Најеф беше министер за внатрешни работи до 2017 година кога беше првиведен и ставен во притвор, додека принцот Ахмед бин Абдулазиз е еден од последните синови на основачот на државата кралот Абдулазиз и е многу почитуван од постарите членови на владејачкото семејство, пишува Би-би-си.

Како што се наведува, полицијата дошла во нивните куќи вчера рано наутро со маски и црна облека и извршила претрес.

Престолоналседникот Мохамед бин Салман, синот на кралот Салман и владетелот на најголемиот светски извозник на нафта и клучен сојузник на САД, го урна својот роднина Мохамед бин Најиф, неследникот на престолот, во државен удар во 2017 година, а подоцна истата година уапси повеќе членови на кралското семејство во наводна антикорупциска кампања.

Принцот Мохамед предизвика негодување меѓу членовите на саудиското кралско семејство откако ја заостри својата власт, а според аналитичарите, тие нема да му се спротивстават сѐ додека е жив кралот Салман, кој поголемиот дел од власта му ја префрли на својот син.

Уапсениот принц Ахмед е познат по критиките на саудиската власт за време на престојувањата во странство и како еден од тројцата членови на Советот кои се противеа на префрлањето на власта на принцот Мохамед во 2017. Тој и Мухамед бин Најиф беа уапсени во своите домови и обвинети за предавство, пренесува Асошиејтед прес.