Германската полиција уапси петмина припадници на т.н. Исламска држава кои планирале напад врз американските сили во Германија, убиство на критичарот на исламот од Нојс и едно убиство во Албанија.

Уапсените припадници на Исламска држава планирале убиство на исламскиот критичар Амир Масуд Арабпур М., кој живее во Нојс, во близина на Дизелдорф.

Арабпур, поранешен муслиман со потекло од Иран, се преобратил во христијанството и редовно објавувал видеа на „Јутјуб“ во кои ги доведува во прашање учењата на Куранот. Исламска држава го прогласи за свој непријател уште во 2019 година.

Претставниците на Исламска држава планирале и напад врз американските сили во Германија, како и атентат во Албанија, објави „Џерусалим пост“.

 

 

извор: Makfax