Кочанската полиција уапси две лица кои се осомничени дека извесно време продавале амфетамин на локалните нарко зависници, а во акцијата биле запленти и 70 грама дрога, информираше МВР.

Против дилерите Д.А. (37) и Н.Ј. (38) се поднесени кривични пријави за трговија со дрога и за овозможување на употреба на наркотични дроги, но нема информации дали судија на претходна постапка им одредил притвор.

Од локалната полиција соопштија дека засега не е утвредно кога и од кого Д.А. ја купил дрогата. Тој ја чувал дома каде што често доаѓала Н.Ј. со која заедно ја консумирале. На крајот пакувањето амфетамин завршило во нејзиниот дом каде таа требала да го препакува во помали дози и да го препродаде, но полицијата успеала да го заплени пред да заврши на улица.