Уапсени двајца Срби и Хрват
Данската полиција запленила 38 килограми кокаин и уапсила двајца Срби и еден Хрват. Трите лица биле уапсени на 13 февруари во близина на централната железничка станица во Копенхаген, при обид да разменат торба што содржела два килограми кокаин. Полицијата ги следела лицата, а дрогата е пронајдена во стан, изнајмен од едниот од приведените. Ова е едно од најголемите количества дрога запленети од данската полиција. Акцијата била спроведена во соработка со шведската полиција.