Грчката полиција завчера во близината на Костур уапсила шестмина албански наркодилери кај кои се пронајдени 200 килограми марихуана.Четворица Албанци биле уапсени со 141 килограм марихуана, оружје, куршуми и два комплети регистарски таблички за возила, украдени во Костур и Солун. Други двајца Албанци биле уапсени при обид да превезат 64 килограми марихуана, скриена во автомобил со цвеќиња.