Американската полиција уапсила жена која е осомничена дека го испратила писмото со смртоносниот отров рицин адресирано до Белата куќа.

Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопштила дека е “уапсено лице, кое наводно е одговорно за праќање сомнително писмо“, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се додава дека истрагата е во тек.

Извор од салужбата за безбедност кој сакал да остане анонимен, рекол за британската агенција дека уапсената жената е канадска државјанка.

Канадската кралска коњичка полиција соопштила дека во саботата добила барање од ФБИ за асистенција во истрагата и дека највероватно писмото испратено од Канада.

Слични писма испратени се на органите за кривично гонење во Тексас, вклучувајќи еден затвор и канцеларијата на шерифот.

Рицин е природен лек и се наоѓа во зрно, но со посебна постапка се претвора во биолошко оружје, кое може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа. Не постои негов против отров.