На 11.04.2020 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

По документирање на случајот, против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.