Ребрендирањето на мобилниот опрератор “Мобимак” во “Т-мобил” почна. Во рамките на оваа постапка освен што ќе бидат променети трговските знаци и логоата на салоните на компанијата, со промена на името ќе бидат опфатени и сите дилери на овој мобилен оператор. На булеварот “Кочо Рацин” веднаш до објектот на Црвен крст веќе стои знакот на Т-мобил. Промена на логоата во овој препознатлив бренд во моментов се врши и во повеќе други салони во градов.(С.Бл.) ФОТО:Киро Попов