x

ТФТ и Црн Дрим добија место во Првата лига

Идната сезона во домашната кошаркарска елита ќе имаме 12 екипи. Тоа беше најавено уште кога Кошаркарската федерација одлучи да ја прекине сезоната без прогласување шампион, но и без испаѓање.

КФСм одлучи и да им обезбеди место во елитата на двете најдобропласирани екипи од второлигашката конкуренција. На денешната сединац на УО, КФСМ донесе одлука двете првопласирани екипи од Втората лига од источната и западната зона, ТФТ и Црн Дрим да се приклучат кон 10-те тима кои и минатата сезона беа членови на Првата лига.

Следната сезона, Првата лига ќе се скрати, што значи дека дури четири клуба ќе мора да се преселат во понизок ранг на натпреварување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата