x

Тухел објасни зошто Нејмар и Мбапе функционираат добро

ПСЖ синоќа убедливо го совлада Амиен со 4-1, Мбапе постигна два гола, додека Нејмар и Икарди по еден. Францускиот првак на шест меча постигна 22 гола или 3,7 во просек. Мбапе реализира осум, Нејмар пет.

Тренерот Томас Тухел по мечот го коментираше тандемот, Нејмар – Мбапе.

„Што значи подобро? Играат многу добро знаедно. Ја вратија самодовербата и физичката подготвеност, тоа е најважно. Опасни се бидејќи сакаат да играат заедно, блиски се на теренот и сакаме тоа да остане. Но, сакаме секој од нив да има по 10 партнери на теренот, сите да бидат еднакво главни за победи и голови, да работат заедно и кога ќе тргнеме во вториот дел од сезоната“, изјави Тухел.

Предводникот на ПСЖ го пофали Бразилецот за неговата игра во одбраната.

„По 88. минути Нејмар трчаше 20 метри од нашиот гол и го затвараше просторот, навистина е неверојатно, тој е во добра форма. Нејмар го мотивира Мбапе, а Мбапе пак Нејмар, и тоа добро. Играме тимски и само така треба да продолжиме, да го задржиме овој ритам“.

ПСЖ во 2019 година завршува како лидер во Лига 1, на седум бида пред Марсеј.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата