x

Тухел нема да му прости: Нејмар нема да стартува против Реал

Тогаш кога се чинеше дека ситуацијата околу Нејмар е целосно решена, нови проблеми во Париз. Бразилецот не беше на висина на задачата на мечот против Лил, па Томас Тухел реши да го извади од игра по само 60 минути. Излегувањето на Бразилецот од теренот беше проследено со несоодветна реакција на најскапиот играч во историјата на фудбалот, што дефинитивно ќе го чини отсуство од стартната постава за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите утре.

Нејмар го напушти теренот без да се поздрави со тренерот и соиграчите и веднаш се упати кон соблекувалната. Овој потег Тухел сигурно нема да го заборави.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата