Турција ќе го нападне Курдистан
Во случај Курдите во северен Ирак да формираат независна држава Курдистан, Турција ќе преземе воени дејствија против нив, смета директорот на американското Национално разузнавање Мајк Макконал, пренесува МИА. Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) имаат бази во северен Ирак, од каде и навлегуваат во Турција и извршуваат напади, велат турските официјални претставници. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Макконал посочи дека Турција е меѓу земјите сојузници на САД, кои имаат важна улога во борбата против терористичката организација Ал Каеда. “Успесите што ги постигнавме во борбата против Ал Каеда и други терористички организации, како и за спречување на терористички дејствија во земјата и во странство, се постигнати во соработка со многу странски влади, меѓу кои на Ирак, Велика Британија, Саудиска Арабија, Турција, Авганистан и Пакистан”, потенцира тој.