Турција постигна голем напредок во развојот на вакцина против коронавирус и лекови за вирусот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На церемонијата на Научниот и технолошкиот совет на Турција, Ердоган рече дека успеале во тоа благодарение на соработката на државата со приватниот сектор и универзитетите.

„Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која започна да ја развива вакцината. Тоа се податоците на Светската здравствена организација“, рече Ердоган, објави „Дејли сабах“.

Ердоган вели дека во моментот се работи на развојот на осум различни видови вакцини и десет медицински проекти, дека е завршено тестирањето на два вида вакцини врз животни и дека е одобрено тестирање врз луѓето за една од нив.

извор: Makfax