Лидерот на турската политичка партија „Ватан“, Догу Перинчек, изјави дека создавањето безбедносна зона источно од Еуфрат од страна на Турција е тактички маневар со цел да ги принуди САД да престанат да ги поддржуваат Курдите.

Анкара и Вашингтон на 7 август се договорија да создадат безбедна зона источно од Еуфрат. Сириската влада се спротивстави на овој договор и смета дека е нарушување на сирискиот суверенитет и територијален интегритет, како и повреда на меѓународното право.

Според Перинчек, за Анкара ќе биде подобро да соработува со Москва, Дамаск, Техеран и Багдад и предложи план со пет точки, кој вклучува „предавање на сите групи во Сирија поддржани од Анкара, во замена за амнестија на Дамаск која ќе биде проследена од заеднички напори на Русија, Турција, Ирак, Иран и Сирија за чистење на регионот од курдски и други вооружени групи и создавање на услови за враќање на сириските бегалци, како и прекин на американското мешање во регионот“.

Турција игра значајна улога во сириската граѓанска војна, поддржувајќи разни групи кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, а во исто време напаѓа курдски сили стационирани во земјата.

извор: Makfax