Бугарија ги забавува работните визи на турските граѓани,се жали турскиот амбасадор во Софија.Тој,подвлекува,пишува весникот “Сега” дека ова се случува кога турски градежни фирми пројавуваат интерес за работа во Бугарија.Министерката Емилија Масларова по повод ваквите тврдења на турскиот амбасадор,информира дека тоа е резултат на строгиот мониторинг со кој се внимава на целосно остварување на законите.Инаку во Бугарија се повеќе странци сакаат да работат,што преставува сериозен притисок на пазарот на трудот,признаваат во министерството за социјала.