Националната лотарија на Турција ја поништи премијата на специјалната новогодишна лотарија од 2018 година во вредност од 11,7 милиони долари, бидејќи добитникот не се појави во предвидениот временски рок, јави Анадолија.

Националната лотарија на Турција соопшти дека го поништиле тикетот под број 7615536, бидејќи добитникот не се појавил до крајниот рок на 31 декември 2019 година.

Добитник на оваа награда повеќе нема право да ја подигне новогодишната награда од 2018 година.Износот ќе биде префрлен во државната благајна и ќе биде искористен за јавни услуги.

извор: Makfax