Новите мерки за борба против коронавирусот ќе стапат на сила на полноќ во Турција, пренесува „Ројтерс“, истакнувајќи дека ќе биде ограничен целиот меѓународен сообраќај и на граѓаните ќе им биде дозволено да патуваат само во исклучителни случаи.

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека сите меѓународни летови ќе бидат укинати и дека сиот меѓународен сообраќај ќе се одвива исклучиво со посебни дозволи издадени на патниците. Ова се однесува на патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај.

Министерството за внатрешни работи наведува дека граѓаните не смеат да го напуштат местото на живеење и дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа само со дозвола на лекар, во случај на смрт на близок член на семејството или ако немаат сместување.

Граѓаните кои сакаат да го напуштат местото на живеење и да патуваат, треба да се пријават во Одборот за дозволи за патување во канцеларијата на локалниот гувернер.

Медицинскиот персонал ќе биде распореден на сите автобуски постојки за да ги провери работниците и патниците на рутинска основа.

Вчера Министерството за здравство соопшти дека на сите медицински професионалци во јавниот и приватниот сектор ќе им биде забрането да даваат откази во наредните три месеци.

извор: Makfax