x

ТУРСКИ КУП: Тузласпор го растури Галатасарај нa негов терен! (видео)

Сензација во 1/8 финалето на турскиот куп. Второлигашот Тузласпор го направи најголемото изненадување со тоа што го совлада шампионот Галатасарај со 2:0 и тоа на теренот на гигантот. Малиот клуб од предградитето на азискиот дел на Истанбул го понижи славниот сосед  и тоа пред очите на неговите навивачи.

Садик Баш ја доведе Тузла во предност со убав лоб удар во 53 минута, а во финишот иако останаа со играч помалку (црвен картон доби Акарслан) „сино-белите“ постигнаа уште еден гол и тоа преку Сонмез во 90 минута за одлична победа. Сепак, ова е само прв меч. Вториот се игра на теренот на Тузла, па Галатасарај ќе има можност да се поправи. Но ќе видиме дали Тузла тоа ќе го дозволи.

Инаку Тузла вторпат го победува Галата во Купот но првпат на „Турк Телеком“ арената. Претходно, во 2016 го совладал со 3:2 на домашен терен.

Ни Бурса не помина добро. За нив вечерва настапи македонскиот интернационалец Јани Атанасов но изгуби на гостувањето кај Ерзурум со 4:2.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата