За хотелите низ цела Турција, 2020 година се претвори во борба за опстанок поради коронавирусот, а исходот ќе биде клучен за туристичкиот сектор на кој тамошната влада гради и стабилност на домашната валута и платниот биланс. Споредено со минатата година, има дури 86 проценти помалку туристи.

„Оваа годинава ја пречкртавме. Нашата цел не е да заработиме“, рече генералниот директор на еден хотел, кој бележел солидна посетеност во минатото, особено на британски и германски гости.

Оваа година, две третини од резервациите ги прават домашните гости. Стапката на пополнетост е подобра отколку во некои хотели на турското медитеранско крајбрежје или во Истанбул, каде што се резервираат само една третина од собите или уште помалку.

Последиците ги надминуваат градовите и милиони работници зависни од туристичкиот сектор – туризмот го намали проблемот со дефицитот на платниот биланс на Турција во текот на годините. Загриженоста за недостаток на прилив на туристичка странска валута беше една од причините зошто лирата нагло ослабе во последните неколку недели, пренесува Сеебиз.

Дефицитот на платниот биланс достигна 20 милијарди американски долари во првата половина од годинава, а агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ проценува дека може да изнесува 3,2 проценти од БДП оваа година, делумно како резултат на падот на туризмот.

Анкара се обидува да го спаси секторот преку интензивна дипломатија и програми за издавање здравствени и хигиенски сертификати за хотели, авиокомпании и аеродроми, кои треба да привлечат туристи.

Тие практично исчезнаа во април кога беа воведени ограничувања за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во меѓувреме, само 932.927 од нив започнаа да се враќаат во јули, за 86 проценти помалку отколку во истиот месец лани, соопшти Министерството за туризам.

Министерот за туризам Мехмет Ерсој рече дека очекува 15 милиони туристи и повеќе од 11 милијарди долари приход оваа година, под услов авиокомпаниите да продолжат да работат. Во 2019 година, Турција забележа 45 милиони посетители и 35 милијарди долари приход од туризам.

извор: Makfax