x

Турската Суперлига продолжува на почетокот на јуни

Турското фудбалско првенство ќе се доигра, така одлучија челниците на Фудбалскиот сојуз на оваа држава. За разлика од холандскиот и белгискиот шампионат кои кажаа крај, во Турција ќе се потрудат да создадат услови во текот на летото да го доиграат шампионатот и да се одлучи шампионот на Суперлигата.

Да потсетиме Турците го стопираа првенството после 26. одиграни кола. А претседателот на Здружението на суперлигаши Мехмед Сепил изјави дека планот е првенството да продолжи во првата половина на јуни.

„Привремена одлука е натпреварите од фудбалскиот шампионат повторно да почнат да се играат на 12 или 14 јуни“, изјави Сепил.

Во Турција има преку 107.000 заболени од коронавирус, а починати се 2.706 луѓе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата