Туристите наскоро ќе добијат можност да овековечат еден од најважните моменти во модерната историја, помирувањето меѓу Јужна и Северна Кореја.

Посетителите ќе имаат прилика да ја посетат самата граница, поточно местото каде што војниците со децении стоеја еден наспроти друг. Покрај тоа, на еден дел тие ќе можат слободно да ја преминат границата, и тоа токму на местото каде што Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин се ракуваа на 27. април. Претседателите на овој начин на дело ја покажаа својата желба за мир.

Отворањето на границата за туристите е само еден од неколкуте потези со кои се смируваат тензиите меѓу двете Кореи. Ким Џонг-ун конечно разговараше со претседателот на Јужна Кореја, но и со Доналд Трамп, а потпиша и воен договор со кој вети дека ќе ги отстрани мините од границата и ќе го намали бројот на чувари на истата.

Претходно, границата беше место на многу конфликти, кое никако не смееше да се премине.

извор: Makfax