Центарот на австриската епидемија е лоциран. Се работи за познатиот, ексклузивен ски центар Ишгл во австриската покраина Тирол. Првиот случај на заразата бил откриен на 6 март, но со денови сите се однесувале како ништо да не се случува за да немаат загуба од профитот пшува австрискиот портал Miss.at . Најмалку 200 заразени од Автсрија но, дополнително и меѓу други туристи од Европа вирусот го примиле и потоа пренесувале токму од Ишгл. Конечната бројка на заразени во Ишгл се проценува на 1000.

Постојат сомнежи дека сè започнало од ски барот, каде што посетителите од различни места на светот се заразиле со коронавирусот. Тоа ја потврдува информацијата од Данска, Шведска и Германија за новите позитивни пациенти на кои на сите им е една работа заедничка – наводно се вратиле од скијање на Ишгл. Откако се вратиле дома, почнале и самите тие да ја шират опасната зараза.

Тоа што е особено вознемирувачки е дека во целата оваа приказна има информација дека локалните власти во Ишгл биле предупредени многу претходно дека нивното подрачје е зона на опасност и дека таму има сомнителни случаи, но и покрај тоа тие скијачите ги пуштале да се движат и дружат без никаков проблем или пак некаква контрола, а секојдневно доаѓале нови луѓе кои што не биле предупредувани од можната зараза.

Првото предупредување, веќе на 5-ти март дошло од Исланд. Исланд на 5-ти март ова подрачје го прогласил за зона на опасност и сите кои што оттаму се враќале во Исланд морале да поминат период од 14-дневна изолација. Во тој момент во Австрија имало 55 случаи на заразени од коронавирусот, а направени биле над 4.000 тестирања.

Меѓутоа, и покрај тоа, во ски центарот сè продолжило да се одвива во вообичаен тек, со многубројни скијачи кои секојдневно се собирале по тамошните барови. Во текот на последната седмица од скијачката сезона никој во Ишгл не сакал да се откаже од својата заработка, ниту властите, но ниту рестораните и баровите, па сè продолжило да тече по најнормален ред.

Сите податоци упатуваат на тоа дека првиот пациент заразен од коронавирусот во тамошниот ски центар бил од Норвешка кој работел како конобар. На 9 март се појавиле и нови случаи на заразени луѓе поради што се очекувало тамошните барови да се затворат. Меѓутоа, скијањето и забавата продолжиле и во наредните денови.

Локалните власти продолжиле со несериозните постапки и ситуацијата продолжила да се одвива како и претходно. Меѓутоа, сега австриските власти апелираат дека сите луѓе кои што биле на скијање во Ишгл од 28-ми февруари па натаму мора задолжително да бидат во самоизолација како и сите оние кои што биле во контакт со нив. Апелот се однесува на сите, без разлика дали имаат симптоми на вирусот или пак не.