x

Тудор размислува – прв тренер во Хајдук или помошник во Јувентус!?

tudor

Иако Игор Тудор има „цврст“ договор со Хајдук, сепак, понудата од Јувентус може да ги смени работите. Хрватот наводно добил понуда да му биде помошник на Андреа Пирло во таборот на италијанскиот првак.

Така сега Хрватот размислува, дали да остане прв тренер, или да биде асистент. Тудор има големо искуство со водење на екипи. Во Италија беше на клупата на Удинезе, а покрај Хајдук, ги водеше и ПАОК, Карабукспор и кратко Галатасарај.

Тудор беше играч на Јувентус од 1998 до 2007 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата