Контроли во 264 фирми се извршени од Трудовиот инспекторат, а констатирано е дека 12 работодавачи не ги почитувале мерки од Владата. За ова извести претседателката на инспекциски совет Магдалена Филипоска-Грашкоска, според која, никоја од фирмите нема да биде толерирана при прекршување на правата да вработените.

„Државниот инспекторат за труд изврши изврши 264 контроли во поглед на платено отсуство на родител на дете до 10-годишна возраст, самохран родител, бремени жени и хронично болни. Во овие 264 контроли, донесени се 12 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките од Владата. Тука би сакала да апелирам до работодавачите да им овозможат на вработените да ги остварат своите права, а државата активно работи на мерки за поддршка на компаниите“, посочи Филипоска-Грашкоска.

Таа повика сите кои кои имаат созданание за непочитување на овие мерки, да пријават во инспекторатот на бројот 15131.

извор: Makfax