Ден по настапот на музички фестивал на Копаоник, Северина ја дочека пролетта на снег, на планина – со голо меше! И не само тоа, туку ја реши најголемата мистерија која го мачи Балканот од ноември минатата година.
За настапот на Мјузик вик Северина се одлучи за долг црн фустан, од кој ѝ ѕиркаат бутките, а за денот потоа, исто така, избра црна комбинација, која ја освежи со бело кусо џемперче, кое покрива колку еден просечен градник. Џемперот го покажа мешето, а мешето – даска.