x

Трпението е доблест! Прашајте ги овие навивачи на Лидс

Во последното коло од сезоната 2003/04 Лидс изгуби од Челзи со 1:0 на „Стемфорд Бриџ“ и го зазема претпоследното место на табелата во Премиер лигата. Тоа означи нивен пад во Чемпионшип дивизијата. Татко со синот и ќерката, навивачи на Лидс испратија јасна порака дека ќе се вратат во Премиер лигата.

Тие беа трпеливи и по следниот шок, кога по три сезони во Чемпионшип тимот од Јоркшир падна во Лига 1 (третата). Не се откажаа, не кренаа раце, свесни дека на падот ќе му дојде крај. Му требаа уште три сезони да се врати во Чемпионшип, па уште неколку години за финална стабилизација како на финансиски план, така и на играчки. Секако и стабилизација и во раководните структури. И ете после долго чекање, точно 16 години „белите“ се вратија во Премиер лигата.

Таткото со децата ја искористија шансата да направат реконструкција на фотографијата но сега со натпис: „Се вративме“. Конечно после долго чекање „гордоста на Јоркшир“ се врати онаму каде што му е местото – меѓу најсилните во Англија.

Трпението е доблест!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата